Поради топлотниот удар што зафати неколку региони на Аргентина, едно училиште во провинцијата Санта Фе во Буенос Ариес донело необична одлука: Учениците од пониските одделенија да можат да доаѓаат на училиште во костими за капење и да се прскаат со вода за време на одмор, објавија локални медиуми.
Провинцијата Буенос Аирес и уште неколку провинции на северот на Аргентина, веќе две недели се под силен топлотен бран соборувајќи ги температурните рекорди.
Ова е најжешкото лето од почетокот на мерењата во 1906 година во Буенос Аирес, односно најтопло од 1961 година на ниво на целата земја.
Поради горештините, многу училишта минатата недела ја прекинаа наставата, бидејќи многу од нив не се опремени со климатизери, па чекаат да падне температурата.
