Илјадници фанови на починатата фудбалска легенда Диего Марадона се обидуваат да пријдат до неговиот ковчег изложен во претседателската палата во Буенос Аирес.

Голем број луѓе се собраа со часови порано за да добијат шанса да го поздрават фудбалскиот бог, при што настана инцидент кога се степаа дел од граѓаните со полицијата во обид да ја пробијат оградата.

И обезбедувањето пред ковчегот имаше проблеми, зашто дел од граѓаните сакаа да се приближат, но тоа не им е дозволено.

На неговиот погреб се очекува да се упатат милиони луѓе…