Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот, покажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година.

Образложението од Општина Арачиново е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение, пренесе порталот СДК.

На 11 декември 2020, Владата донесе одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.

Покрај Арачиново, најслаба наплата на данок на имот, според процентот на наплата за овие три години, има во општините: Тетово (55%), Липково (51%), Врапчиште (46%), Желино (42%), Гостивар (40%), Центар Жупа (36%), Долнени (34%), Студеничани (32%) и Маврово и Ростуше (27%), објави порталот…

Кон крајот на 2019 се појави информавија дерка за 2018 година во оваа општина биле платенипочалку од 1.000 денари данок