Арачиновец до „арачиновскиот ангел“ Заев: Да садиме марихуана, аир да се види

По полициската акција во Арачиново во коија беа најдени 2 тона марихуана која исчезна во Јосифово жител на Арачиново бара премиерот Заев да дозволи садење на марихуана во неговата општина.

“Премијеру Заев! Не е фер да се легализира Марихуаната у Охрид а у Арачиново не! Ајде бе премијере да ги садиме нашите полиња со Канабис бидејки чим нашата почва произведува најдобри праски во светот замислете каков квалитет на Марихуана може да даде! Нека биде бе бренд “Направено во Арачиново” и “Продадено во Охрид”. Дај бе премијеру “Маке Норт Маседониа Греат Агаин!” Маке ус проуд бе Мр.П.М.
Не е бе случајност што ве избравме премијер бидејки вашиот “долазак” е дел од претскажано пророштво. Неслучајно баш у Арачиново го добивте “надимакот” ангел. Нели бе според едно пророштво има еден ангел кого го викаат “Утринската Ѕвезда!”? Вие се викате Зоран (Утрински) ! Дај бе “Силвер Сурферу” направи го Арачиново Лас Вегас па ако сакаш и цела држава аир да види!