Директорката на универзитетот МИТ Билјана Апостолова со обвинување до претставничката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска која на премиерот му порача дека ЛГБТ заедницата нема да му прости за изјавата за “педерот” што сакал да ја урне владата.
Апостолова која му дава поддршка на Заев смета дека Пировска се богати со одбрана на ЛГБТ заедницата од која има луѓе што крадат, рекетираат и се опасни криминалци.
“Доста се богатиш од бранење нечии права на некоја заедница. Ако некого браниш треба и да го прекоруваш, а токму од таа заедница која ја застапуваш крадат и рекетираат и се опасни криминалци”, пишува Апостолова во порака која ги навреди сите членови на ЛГБТ заедницата.