Апостоле, имаш ли акал во главата? – Пишува Горан Момироски

Имам неколку прашања за апостолот на ненормалниот попис на неидентификувани лица, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски:

Дали од Заев си барал да запре пописот затоа што пред десетина дена паднала бугарската платформа на која се поврзуваат попишувачите кои на терен работат на внес на податоци од граѓаните?

Дали Заев те одбил со наредба дека како знаеш и умееш пописот да се одржи за да не падне владата и за да се спроведат ветените бенефиции?

Дали во средата и четвртокот на генералните проби бугарската платформа повторно паѓала откако на неа се закачувале по педесетина попишувачи во исто време? А за време на пописот цело време ќе треба да се закачуваат илјадници попишувачи!

Дали Апостоле знаеш дека во Белгија пописот се одвива во сендвичари од луѓе кои според ваша изјава на емисијата Само вистина со Илија Димовски, не се ангажирани од вас и ДЗС?

Дали знаеш дека во странство на пописната платформа се запишуваат луѓе кои не се македонски државјани а имаат во посед македонски матични броеви?

Дали знаеш дека за овие и уште неколку други аномалии се соочуваш со неколку става од фамозниот член 353 од Кривичниот законик?

Дали знаеш дека твоето молчење не може да те спаси од одговорност за криминално водење на политичката операција попис?

Дали знаеш дека ни Господ нема да те спаси од кривична одговорност, најмалку твојот патрон Зоран Заев кој што самиот ќе треба да си бара чаре за своите идиотштини?

Дали знаеш дека кога ќе пропадне пописот ќе се соочиш со затвор затоа што некој ќе мора да плати за направените милионски трошоци?

Дали си свесен дека со фејсбук постот на градоначалничката на Тетово и со ова видео на Клан ТВ (на крајот на оваа колумна) врз твојот углед и чест како “професионалец” ти уринираат стотици луѓе со кои ти наводно немаш никаква врска?

Дали знаеш дека десетици илјади по толку те чекаат со лисици во рацете да се појавиш пред истражен судија за тоа што му го правиш на својот народ и својата држава?

Ако не си го видел видеото од твојата истурена единица во сендвичара еве ти го види го, лупни ја главата од ѕидот и запрашај се што правиш. И дали воопшто вреди ова што го правиш?

https://www.facebook.com/KlanMacedoniaTelevision/videos/185547633170543/