Еден од главните апологети на СДСМ заедно со Бранко Тричковски и Жарко Трајановски тврди дека претседателот Пендаровски ќе му помогне на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го урне од власт Зоран Заев.

Контроверзниот Саше Политико преку кого високи претатавници на власта од СДСМ неретко упатуваат политички пораки до своите противници или критичари тврди дека Пендаровски тоа го прави за да може да застане на чело на СДСМ по заминувањето на Заев.

Интегралниот текст на Политико кој не е демантиран од СДСМ:

На само 1 месец пред локалните избори кои се важни за опстанокот на оваа влада односно ќе се знае дали ВМРО ДПМНЕ вакво нереформирано мафијашко режимско ќе добие шанса да се врати на власт буквално не променето од времето на Груевски, претседателот Стево Пендаровски ја дава следнава изјава на национална телевизија:

– Скоро и да нема градоначалници во земјава кои добро сработија, особено па во Скопје каде добро ги знаеме работите?!?! – Пендаровски, емисија 360, Алсат М телевизија, интервју пред два дена.

Еј човек кој стана претседател на државата со помош на СДСМ сега ги руши градоначалниците кои трчаа за тој да го стави газот во фотељата на Водно, се додворува на јавноста и во исто време и помага на ВМРО ДПМНЕ и штети на СДСМ со тоа што лаже дека никој ништо не сработи, и малите деца знаат дека Шилегов го врати Скопје назад во Европа цивилизациски, направи 4 булевари, заврши 1 мост, направи многу паркови, велосипедски патеки, купи нови еко автобуси, пред почекот е изградбата на транвај за што се зборува речиси 1 век во Скопје и тоа Пендаровски го знае но сепак тресе глупости, зошто?!?! Всушност локалната власт беше помогната со 50 милиони евра од владата за да се раздолжат уште 100 за локални патишта и водоводи и плус уште 50 милиони од турски ТАВ, значи се работи за 200 милиона инвестирани во препород на нашите градови и села и Пендаровски ова не го гледа?!?!

Ова се нашите сомневања за кои засега немаме потврда ниту докази, но ова е нашата анализа.

Според нас се работи за еден голем план, во кој Стево Пендаровски сака да биде иден лидер на СДСМ и единствен пат тоа да се случи е СДСМ да падне од власт, а ВМРО ДПМНЕ на Мицковски да стане власт, и тогаш Пендаровски да добие шанса да го сруши Заев во таквата поразена СДСМ и после да се бори за премиер борејќи се против мафијашката груевистичка ВМРО ДПМНЕ на Мицковски!

Значи Пендаровски сака да ја заглави земјава во криза за потоа да ја спасува од таа криза како голем спасител!