Ненад Јовановиќ, кој не го извади од уста поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, додека беше на врвот на моќта, а сега продолжува да ги брани политиките на владејачката партија, фрли дрвја и камења по Македонската православна црква – Охридска архиепископија за најавениот протест за задутре.
„Со други зборови, соодветни за нашите прилики: јас сум на мисла дека дел од Црквата (не велам цела МПЦ), има за цел да го руши од власт Ковачевски. Позади целиот „мизансцен“ приметувам дека смрди и на Руска политика. Се разбира, немам никакви докази за тоа, ама на основа на индиции и податоци кои ги обработувам од медиумите, јас мислам дека Русите стојат позади дел од македонската Црква.
Законот за родова рамноправност е феноменолошка „патерица“ за иницирање на предвремени парламентарни избори. На сличен начин се обидоа и Заев да го рушат на 27. април 2017 година. На ист принцип, само сега со помош на делови од Црквата, Русите ќе се обидат Ковачевски да го симнат од власт, а со тоа, разбирливо – ќе ги запрат и евроинтеграциите“, пишува Јовановски во својот напис за провладиниот портал „Фронтлајн“ насловен „Делови на Македонската црква се ‘тастери’ на руските служби“.
„Мојот категоричен став е дека делови на Македонската црква се тастери на Руските служби кои имаат за цел да го рушат Ковачевски. А со тоа и да не оттргнат од пријателството и помошта на САД.
И во конечноста – запирање на европскиот пат на Македонија“, заклучува Јовановиќ.