Еден од главните пропагандисти и апологет на Ковачевски и СДСМ се мајтапи со верски објект на празникот Рамазан Бајрам.
Под наслов ,,Втор обид на Старшип” новинарот Бранко Тричковски кој важи за еден од идеолозите на пропагандата на СДСМ зборува за џамијата во селото Моране како за космодром од каде се лансираат ракети.
,,Старшип е спремен за ново лансирање, овој пат од космодромот во Моране, Норд Македонија, одбројувањето почна, вмро не може да ја блокира мисијата понеже се зафатени со Бугарите и Бехтел, Марс е наш, имав среќа да ме турат во капсулата, што сакате да ви купам, има ефтини работи на црвената планета, модрите патлиџани, на пример, се 0,005 марса, односно околу 0,00001 евро”, пишува Тричковски кој прави обид да нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ но всушност на празникот Рамазан Бајрам тој ги навредува припадниците исламската религија прикажувајќи ја џамијата во Моране како вселенска ракета.
Тричковски пишува текстови за портали кои ги раководи Џабир Дерала кој пак настапуваше на партиски митинзи на СДСМ.