Случајот „Рекет“ денеска е на разгледување пред Апелација која може да ги потврди изречените казни за Бојан Јовановски и Катица Јанева од страна на Кривичниот суд, со што би станале правосилни или предметот да го врати и на повторно судење.
Бојан Јовановски доби 9 години затвор од Кривичниот суд, додека за Катица Јанева беше издадена седумгодишна казна затвор.
Двајцата обвинети се во домашен притвор.
