Апелација: Кривичен пак да одлучи за гаранцијата на Јанева

Скопска Апелација одлучи дека Кривичниот суд повторно треба да одлучува дали Катица Јанева ќе биде пуштена од притвор со гаранцијата од недвижност во три стана.

Препораката на Апелација е дека судијата не смеел да го отфрли барањето, туку ако сметал дека не постојат основи да ја напушти Шутка со гаранција, требало да ја одбие или да ја испитува основаноста на нејзиното барање.