Апелацискиот суд ги корегираше изречените казни во предметот „Труст“ со што казната на Сеад Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Василије Авировиќ од три години во условна казна.

Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни за злоупотреба, односно дека со лажни документи конкурирале на тендер за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“.

Авировиќ е син на пратеничката Владанка Авировиќ, која ги поддржа уставните измени заради реализација на Преспанскиот договор., пишува Алсат М.