По Самоил Костадиновски се трага веќе дена, а постои сомневање дека можеби бил киднапиран за што во притвор се две лица на возраст од 25 и 30 години во проитвор по барање на ОЈО кое отвоори истрага.

Таткото и неговата сопруга се се огласија за Канал 5 телевизија.

Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто.

Самоил бил бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари.

Според ОЈО двете споменати лица на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.