Апасиев почна војна со новинар, Илиевски не му премолче на ,,Рутер војводата”

Лидерот на Левица Димитар Апасиев денеска почна војна на социјалните мрежи со новинарот Богдан Илиевски.

Новинарот познат како Бетмен Велит не му премолче и го нарече пратеникот ,,Рутер војводата”.

Апасиев реагираше откако Левица лажно обвини дека ВМРО-ДПМНЕ направила кворум за Кривичниот законик а откако Илиевски со математика докажа дека власта имала кворум и без опозициски пратеници кои гласаа против.

Новинарот во одговорот кон Левица праша зошто Апасиев бил регистриран во салата и не гласал протерал в законот ниту покренал амандмани.

На тоа лидерот на Левица почна лична војна со Бетмен Велит.

,,Деновиве, да не си му у кожа на амнестираниот Бетмен Велит. Мора да се праи кловн у етер, за да ги брани кворумџиите од ДПМНЕ”, напиша Апасиев.

Во одговорот новинарот го нарече Апасиев кој бил советник на екс шефицата на СЈО Катица Јанева слуга и,,Рутер војвода”.

,,Слугата на Заев и Катица од Девица је мало нервозан? Не е навикнат да му ги вади некој глупостите на ачик, па откако им отќуте вчера во парламент, денес исЌина со статусите, прав рутер војвода.
Димче збирај нерви, само што започнав.
И да частиш нешто од вчерашната дневница, статусов не се важи”, одговори Илиевски.