Апасиев: На СДСМ ќе му се случи ПАСОКизација по изборите

„Пасокизацијата“ е политички феномен на исчезнување од политичката сцена на искомпромитира и дотогаш етаблирана левичарска партија. Терминот го користиме повикувајќи се на грчкото искуство, кога радикалната левица на Сириза го збриша млакиот и корумпиран ПАСОК и го прати на буништето на историјата’, вели во интервју за Инфомакс професорот и член на Президиумот на Левица, Димитар Апасиев.

„Тоа ќе му се случи и на СДС на Нашата Земја после овие избори. Тие немаат идеологија! А идеологијата е лепак на партијата. Она што ги држи како „структура“ се само тендери, мито и корупција. Затоа, после неминовниот пораз на претстојниве избори, тие не само што заминуваат во опозиција, туку ќе следуваат и многу автодеструктивни внатрешни процеси. Кога на ова ќе го додадете и кривично-правниот прогон на сегашните носители, кои неминовно ќе следува, тогаш имате целосен распад на СДС.

И, природно, левиот простор на политичката сцена ќе биде пополнет од Левица, како најбрзорастечка свежа и неподмитлива политичка сила во Македонија“, вели Апасиев.