Левица ликува по дебаклот на СДСМ на референдумот за јавно-приватно партнерство за водовод и канализација во Дојран, а членот на Президиумот, Димитар Апасиев, со директна порака до „комуњарите“, како што вели.
„Врел ШАМАР у фацата на социјалдемократите!!!
Дојранчани денес ѝ покажаа среден прст на корумпираната власт, слушајќи ги нашите аргументи против приватизација на водата за пиење“, пишува Апасиев на Фејсбук, истакнувајќи ја улогата на неговата партија, која повика да се излезе на гласање и да се гласа против, а не да се бојкотира.
„p.s. Драги комуњари, или научете ја историската лекција дека не можете контра волјата на народот или ќе ја доживеете судбината на Пасок и ќе бидете збришани од политичката сцена.
p.p.s. Актуелниoт градоначалник на Дојран од редовите на СДС покрај политички, дополнително, треба и правно да одговара за флагрантното прекршување на предреферендумскиот молк!
БРАВО ЗА ДОЈРАНЧАНИ.
You made my day ?“, порача Апасиев.