„Градоначалник во погодениот регион во Турција, ги срушил сите ДИВОГРАДБИ пред земјотресот.

Резултат = нула загинати!Наравоучение: дивоградби се рушат, не се легализираат“!

Фејсбук статус на пратеникот и лидер на „Левица“, Димитар Апасиев, по веста дека градот Ерзин – кој се наоѓа среде силно погодениот регион Хатај од земјотерсот во Турција во кој загинаа наД 40.000 луќе и кој уништи илјадници згради – никој не загина, а ниту една зграда не била значително оштетена.

Оштетени биле само неколку семејни куќи и неколку минариња во градот со 42.000 жители.