Димитар Апасиев, вчера на покана на Основен кривичен суд – Скопје, во својство на оштетен, доставил писмена изјава во врска со незаконското следење на лични комуникации.

Станува збор за кривичниот предмет во јавноста познат како „Таргет – Тврдина“, соопштија од партијата Левица.

„Со оглед дека од т.н. Специјално јавно обвинителство (СЈО) добив потврда за незаконското следење на моите комуникации, го известувам Судот дека се чуствувам за оштетен поради незаконско следење, т.е. прислушкување на моите телефонски разговори за подолг период“, стои во изјавата на Апасиев.