Антоновски: Петрески ќе одговара за фалсификатот

Членот на Друштвото на писателите на Македонија Иван Антоновски вели дека претседателот на ДПМ Христо Петрески се однесува неморално со тоа што ја повлекол својата неотповиклива оставка.

Според него и правни е невозможно да се повлече неотповиклива оставка. За однесувањето на Петрески, Античките новели верува дека ќе му суди судот на историјата.

Првиот човек на ДПМ се изрезили кога прво поднесе оставка поради болест а потоа одеднаш оздраве и инви и дека бил предмет на уцени и закани.

,,Ова е фалсификат?! Затоа што НЕОТПОВИКЛИВА оставка не може да се повлече! Не е ниту правно возможно, ниту е морално. Па дури и ако е од Христо Петрески!

И факсификатот се прави токму кога се објавува јавниот повик од македонските писатели до претседателката на Собранието на ДПМ да не се држи ДПМ во заложништво?!

Ова не само што е дел од играриите туку отвора сомнеж и зошто некој толку се плаши од цврстиот став на македонските автори дека манипулациите мора да престанат и дека македонскиот писател мора да го искаже својот став на Воредното изборно собрание.

Што се крие зад ова насилие и манипулирање?!
Зошто некој со фалсификат се обидува и натаму да го пригушува гласот на македонскиот писател кој се крева со определба дека на ДПМ му треба систем од вредности? А не систем на факсификати и манипулации!

Повлекувањето на оставката не важи зашто се темели на фалсификат! И затоа што оставката е НЕОТПОВИКЛИВА! Вонредно изборно собрание за сите раководни позиции и за членови на другите тела на ДПМ мора да има!

А за овој факсификат и за сето она што му е сторено на ДПМ ќе се одговара и пред судот на историјата”, пишува Антоновски за сѐ уште формалниот претседател на ДПМ!

Бурата во ДМП трае веќе десетина дена

Резил на претседателот на ДПМ, поднесе неотповиклива оставка поради болест по што оздраве и обвинува за уцени