Антониј: Ќе ѝ помогнеме на МПЦ да се отстрани шизмата

Пред половина година Светиот Синод на Бугарската Православна Црква (БПЦ) одлучи да ѝ помогне на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) за отстранување на шизмата, изјави за Нова телевизија Западно и средноевропскиот митрополит на БПЦ, Антониј.

За прв пат МПЦ-ОА вчера официјално го доби Благодатниот оган благодарение на Бугарија, и тоа е знак на подадена рака за помош во решавање на статусот на МПЦ-ОА и надминување на расколот од православниот свет, рече митрополитот кој потсети дека МПЦ-ОА пред половина годибна се обрати за помош кон БПЦ за заемно дејствување да добие автокефалност.

Вчера во Софија претставници на Македонската православна Црква предводени од митрополитот Иларион беа да го преземат Светиот оган кој беше донесен на софискиот аеродром од митрополитот Антониј.

„На овој свечен и светол празник, празник на радоста, пристигнавме во Софија по благослов на нашиот македонски архиепископ Стефан да го прифатиме Благодатниот оган официјално од Бугарската Православна Црква со благослов на бугарскиот патријарх Неофит и благодарение на добрата волја на браќата архиереи од БПЦ кои покажаа љубов и подадоа, како и Велигденска радост дкоја ќе ја пренесеме од тука на македонскиот народ…“ изјавил за БГНЕС митрополитот Иларион, откако го презема Благословениот оган од Митрополитот Антониј.