Противници на епидемиолошките мерки и на вакцинацијата во Словенија синоќа упаднаа во просториите на РТВ Словенија.

Демонстрантите со недели протестираат пред зградата на јавниот сервис, протестирајќи против се’ што има врска со пандемијата на коронавирус, пишува хрватски „Дневник“.

Под водство на извесен Ладислав Троха, водач на движењето ОПС, кое се спротивставува на мерките за ограничување на ширењето на вирусот, при упадот кој се случил околу 20:30 часот, делеле летоци во кои барале сигурни факултети и школи без маски.

Новинарка објави видео од упадот на Твитер, а движењето во живо го пренесуваше упадот на Фејсбук.