Антимакедонска провокација на Перо Антиќ на мечот на националниот ракометен табор (ФОТО)

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) чие име тој го промени во Кошаркарска федерација на Северна Македонија вечерва направи според многумина тешка антимакедонска провокација.

Перо Антиќ на трибините во салата „Борис Трајковски“ каде се играше ревијален меч меѓу актуелните македонските ракометни ѕвезди и ветераните се појави во дуксер на кој со големи букви пишува – Црвена Звезда.

Според многумина на социјалните мрежи Антиќ со тоа ја понижува идејата за Македонија затоа што вечерва целата сала беше облечена во боите на македонското знаме а само тој во клуб од друга држава.

Антиќ има право да носи дрес на клубот за кој играше во два наврати но кога се работи за настан на кој единствена цел е поддршка за Македонија која за десет дена настапува на светско првенство пораката на екс НБА играчот е лоша и отвара дилема дали за него е поважна Црвена ѕвезда или Македонија.

Зошто Антиќ не облекол некој дрес од македонската кошаркарска репрезентација ако веќе нема од ракометната е посебно прашање како што е важно и прашањето зошто неговата партнерка Катрина Ивановска не му посочила дека кога се навива за Македонија тогаш не смее да се провоцира со дрес на клуб од друга држава.

Или Антиќ сакаше да ни каже дека не навива за Македонија туку само за Црвена ѕвезда?

Меѓу тие што реагираа за провокацијата на Антиќ се и скопските Комити за кои однесувањето на шефот на КФМ е дно.