Антикорупциска може да го истражи случајот со сопругата на аналитичарот Јовановиќ

Извори во Антикорупциската комисија тврдат дека до нив не е поднесена претставка за случајот на јавно признание за вработување во државна институција преку огранок на политичката партија СДСМ.

Од таму велат дека случајот во кој аналитичарот Ненад Јовановиќ призна дека сопругата се вработила во државно претпријатие преку СДСМ Кавадарци може да се истражи преку допрен глас или преку претставка од различни правни или физички лица.

Предходно од партијата ГРОМ побара ДКСК да реагира за случајот на партизирана држава.

“Во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5, Ненад Јовановиќ познат како бескомпромисен поддржувач на владеачката гарнитура ја кажа вистината за партизираната држава.

Имено тој објасни дека за вработување на неговата сопруга побарал помош од Општинската организација на СДСМ Кавадарци и истата потоа му ја вработиле во ХЕЦ Тиквеш.

Ова јасно покажува дека поддржувачите на власта и на СДСМ, услугите за себе и своите семејства не ги бараат од институциите на државата туку од СДСМ.

Ненад Јовановиќ наместо да побара помош за вработување на неговата сопруга од Агенцијата за вработување, подрачна единица Кавадарци тој тоа го сторил кај партискиот огранок на партијата на власт.

Значи привилегија за вработување од евидентирани 250 илјади невработени имаат само оние кои се блиски до власта.

Со ова Ненад Јовановиќ јасно и недвосмислено потврди дека Македонија е партиски заробена држава и дека институциите постојат формално, а партијата на власт СДСМ е таа која што е над сите.

Од Антикорупциската комисија бараме да отвори предмет за партиските злоупотреби при вработување на сопругата на Ненад Јовановиќ”, пишува во соопштението на ГРОМ.

Извори во партијата велат дека ако ДКСК не реагира по допрен глас тие ќе поднесат формално барање за отворање на случај против вработување во државна институција преку партиска организација.

Признанието Јовановиќ го даде во вжештена атмосфера на емисијата Само Вистина

Момироски – Јовановиќ: Жестока пресметка на “Само вистина” (ВИДЕО)