Не може со Деловникот за работа на Уставниот суд, судиите да си го зголемат надоместокот на плата, реагира претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска по информацијата дека тие на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35% на плата.



„Она што можам да кажам, факт е дека треба закон за работење на Уставниот суд. Факт е дека тие работат по Деловник од 91 година, кој е застарен. Уставниот суд неодамна го променил Деловникот, земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но факт е и дека во Уствот стои дека со Деловниокт се уредува начинот на постапување со нивните пресмети, а не правата за нивен посебен додаток. Не може нешто да се уредува со Деловник ако тоа што треба да се уреди треба да биде со закон“, рече Ивановска.