Во телефонски разговор за Алсат претседателката на Антикорупциска вели дека нема ништо да ја премисли и законот според кој компанијата „Бехтел-Енка’ трба да гради автопатишта во Македонија без тендер и со непозната цена во понеделник да бара да биде оспорен пред Уставниот суд.

Законот стапува на сила во сабота бидејќи тогаш истекуваат осум дена откако беше изгласан во Собранието.

„Точно е дека утре ќе имаме средба со вицепремиерот за спречување на корупцијата Љупчо Николовски. Но тоа е редовна средба и ние го поканивме по повод вселувањето во новите простории. Законот со кој треба Бехтел-Енка да ги гради автопатиштата во понеделник со сигурност ќе го оспориме пред Уставниот суд“, наведоа од Државната комисија за спречување на корупција.

Компанијата беше избрана без тендер, туку со директна спогодба. Засега не се знае колку ќе чинат овие патишта. Инаку, компанијата Бакел – Енка во јавноста е позната по изградбата на автопатот во Косово кој е еден од најскапите во Европа и чинел 17 милиони долари за еден изграден километар.

„Не знам кој е тој што ќе се обиде да влезе во корупција кога станува збор за најголеми светски компании и со поддршка на сите меѓународни поддржувачи на нашата земја“, велиЉупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција.

Тој вели дека не го знае планот „Б“ на неговиот колега од владата минстерот за транспорт Благој Бочварски кој изјави дека таков план постои доколку биде оспорен законот за Бехтел-Енка да гради автопатишта во Македонија.