Дваесет часа по објавата на албанската ТВ Ора дека македонски заменик министер престојувал во прескап хорел во Истанбул Антикорупциската комисија, јавното обвинителството , министерот Спасовски, владата, вицепремиерката за добро владеење Грковска, СДСМ и ДУИ молчат за скандалот ,,Соба од 20 илјади евра од вечер”.
Ниту една од институциите кои имаат врска со однесувањето на Назим Буши особено Грковска која се грижи за однесувањето на сите членови на владата не излегува со став за скандалот кој отвара низа дилеми за врски меѓу владата со луѓе кои не треба да бидат нејзини партнери.
Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел, објави вчера албанската телевизија „Ора њуз“, којашто емитуваше истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, а меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада.
Според информациите на „Ора“, Буши престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој е огромен простор од 850 метри квадратни, пишува порталот.
На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.
Во друг момент на видеото се гледа и синот на заменик министерот, Ќерим Буши во друштво на две девојки.
Телевизијата во прилогот ги поставува следните прашања:
– Може ли г. Буши треба да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, кога се знае дека има месечна плата од околу 1.500 евра?
– Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин?
– Со кое лице патувал г. Буши во Истанбул во октомври 2020 година?