Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во емисијата „Утрински брифинг“ потврди дека „Антикорупциска“ добила осум „рамковно“ вработени административни службеници од Министерството за политички систем на првиот вицепремиер Артан Груби, но дека се задолжени да ја прилагодуваат систематизацијата за да ги интегрираат.

„Станува збор за помлади соработници, а нас можеби ни требаат виши советници. Сега ќе треба да се изврши обуката и да се прилагодува систематизацијата.

Иако тоа е апсурдно, бидејќи ние се бориме против промени на систематизациите, кога се прават наменски заради вработувања“, рече Ивановска во емисијата, пренесува Фактор.

Таа рече дека добила ветување, но извисила за вселувањето во зградата каде што сега е министерството на Груби.