Антикорупциска: Иванов да се исели од „Џеваир“

Aнтикорупциската комисиjа бара од Службите за општи и заеднички работи да го раскинат Договорот со поранешниот претседател Ѓорге Иванов за закуп на канцелариски прострории за кои месечно, со комунални трошоци и за кирија, се испаќаат 4.500 евра.

Претседателката на Антикорупциската Билјана Ивановска рече дека од документите кои ги добиле, утврдиле дека Договорот „бил склуен во нетранспарентна попстапка“ со лица блиски до корисникот и му овозможуваат на сопственикот да се стекне имотна корист.

По завршувањето на мандатот, Иванов закупи канцелариски канцеларии во зградата на Џеваир  од 274 метри квадратни. Освен месечната кирија од 1.950 евра, за поранешниот претседател  се исплаќаат и плати за тројца вработени, се подмируваат комуналните сметки, му следува службено возило и возач ,а претседателот има пензија во висина од месечната плата. Сите овие привилегии важат доживотно.

Антикорупциска сугерира, на поранешните претседатели да им се доделат канцелариски простории кои се во државна сопственост и за кои нема да се плаќа кирија, дознава НОВА ТВ.