Историчарот Пламен Павлов од Бугарија го поистовети антибугаризмот, како што вели, во Македонија со антиевропеизам.
„Антибугаризмот, кој е во основата на целата политика на денешната и на претходните влади на Северна Македонија, е антиевропеизам. Не може да се влезе во Европската унија со антиевропски пораки“, порача тој за БТВ во врска со декларацијата на интелектуалци во Бугарија за заштита на бугарскиот интерес во односите со Македонија.
„Индикативно е дека реакциите во македонските медиуми беа ‘остра декларација’ и ‘уште поостра декларација’. Ништо такво – таа декларација го следи истиот добронамерен тон како претходните. Од политичката елита во Скопје се бара најмногу да се почитува договорот за да можеме да примиме во ЕУ цивилизирана, нормална европска држава“, додаде Павлов.