Најголемата хакерска група Анонимуси ѝ објави војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина, кој трае веќе втор ден.
„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.
Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.
Тие синоќа издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што неколку часа подоцна се случи. МКД.МК
