Анкета за претседател: Заев води, Мицкоски и Димитров по него

„Топ тема на ваша страна“ на Телма ја објави новата анкета на МЦМС за рејтингот на сите кандитати за нов еф на државата.

Доколку утре се одржат избори за Претседател најголем дел од гласачите 12,4%, на претседателската функција го гледаат премиерот Зоран Заев.

Потоа со по 8,2% следуваат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Четври на листата со 6,8%, е Стево Пендаровски, со три проценти поени на петтото место е Бујар Османи, додека некогашниот македонски Обама – Имер Селмани, кој беше кандидат во 2009 година има поддршка од 5,8%.

Следуваат – Теута Арифи – 3,4 %, а професорките кои немаат партиска подршка Тања Каракамишева – 2,7% и Гордана Силјановска 2,4 отсто.

Во групата со по 2,4 проценти се и Трајко Славески и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.

Оливер Спасовски и Мирјана Лазарова Трајковска добија доверба од 1,4% од анкетираните.

Но речиси 19% – идниот претседател не го гледаат во ниту еден кандидат и дополнителни 14,9% – се уште не одлучиле, се вели во информацијата што ја објавува Топ тема На ваша страна на Телма