Споредено со пред 5 години, граѓаните во големо мнозинство сметаат дека денеска имаме полошо образование, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спровел Институтот за политички истражувања Скопје. 56,3% делат ваков став наспроти 25% кои не гледаат некаква промена. Само 9,6% од анкетираните велат дека денеска образованието е на повисоко ниво споредено со состојбата од пред 5 години.
49% од анкетираните велат дека квалитетот на образовниот процес во Македонија во споредба со земјите од регионот е полош. Една четвртина се на ставот дека е сличен а само 5,7% сметаат дека Македонија има подобро образование од земјите од регионот.
Погледете ја цела анкета на следниот линк.