Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Анкета спроведена од страна на агенцијата ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ спроведена на целата популација, на поточно 1.014 испитаници покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би има двојно поголема поддршка од СДСМ доколку на следните избори би се кандидирале само партии.

На прашањето Доколку на следните избори би се кандидирале само партии , а не коалиции, за која партија би гласале, 19.7% од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ 9.5% од испитаниците. 

• ВМРО-ДПМНЕ 19.7%
• СДСМ  9.5%
• ДУИ 6.2%
• Левица 5.9%
• Алијанса за Албанците 2.8%
• Други 4.2%
• Неодлучиле 22.5%
• Одбиле да одговорат 17%
• Не би гласале 12.2%.

Теренската анкета била спроведена во периодот од 01 до 18 јули 2022 година.