Ако се суди според анкетата на бугарски „Блиц“, граѓаните на Бугарија не само што не го поддржуваат гестот на премиерот Кирил Петков, кој донира една своја плата за муниција за Украина и ги повика сонародниците да го следат, туку дури 70 проценти од нив се против!



Само 2,24 отсто од анкетираните одговориле потврдно на прашањето „дали ќе подарите една своја плата за муниција за Украина, како што повика и направи Кирил Петков?“, а 69,44 отсто дале негативен одговор.

За опцијата „не, тука живееме во мизерија, а Западот ја позлати Украина“ се определиле 16,81 проценти од учесниците во анкетата, а 9,22 отсто за „ќе дадам, но не за Украина, туку за ДНР (Донецка Народна Република – н.з.) и за ЛНР (Луганска Народна Република)“.

„Ќе дадам, но не за муниција, туку за хуманитарна помош“, одговориле 1,25 проценти од анкетираните, а 1,02 отсто немаат мислење.