Креативна твитерџика објавува анкета за најлош потег на Владата.
Од многуте во конкуренција во оваа анкета влегоа докторската дисертација на Али Ахмети за државниот Тетовски Универзитет, новиот владин преговарач со Бугарија, екс премиерот Владо Бучковски кој беше осуден на затворска казна за набавка на тенковски делови од Бугарија, шефот на кризниот штаб кој се справува со короната Стојанче Ангелов кој се прослави со кршење глава со ќерамиди или ќерамиди со глава.
На листата е и Љубе Бошковски кој Заев го назначи за министер за инвестиции а предходно во показна вежба кога беше министер за внатрешни работи со “жабица” повреди новинарка која се уште има последици од повредата.
Кој потег ви изгледа најлош?
— AnaStevano (@StevanoAna) December 1, 2020