Анкета на Владата: Најголем дел од граѓаните би се вакцинирале со „Спутник Ве“

Околу половина граѓани на Македонија би се вакцинирале против Ковид-19, поголем интерес за вакцинација има кај повозрасното население а вакцина која би ја избрале најголемиот дел од оние што би прифатле вакцинација е Спутник В.

Ова се клучните резултати од Истражувањето на јавното мислење и ставовите на јавноста за процесот на имунизација од КОВИД-19 кое по барање на Владата било направено во текот на март годинава, пренесува инфо.мк.

Над половина од испитаниците на анкетата спроведена на примерок од 1100 граѓани или 51% одговориле дека ќе се вакцинираат против Ковид-19. 18 посто се уште не се одлучиле, додека 28% рекле дека нема да се вакцинираат.

Според анкетата, најголема заинтересираност за вакцинација може да се забележи кај граѓаните на возраст над 50 години наспроти помладата популација. За разлика од повозрасните граѓани, една третирана од испитаниците на возраст од 18 до 39 години одговориле дека нема да се вакцинираат против Ковид-19.

На прашањето со која од шесте понудени опции на вакцини би сакале да бидат вакцинирани, 65% рекле дека тоа е Спутник В, за Фајзер се изјасниле 61% од испитаниците, а за Синофарм би се одлучиле 50% од нив. Другите три вакцини за кои што постои помала заинтересираност се Модерна со која би се вакцинирале 38% од испитаниците, потоа Џонсон и Џонсон со 36 проценти и најмалку преферирана е Астра Зенека за која се изјасниле 34 отсто од анкетираните граѓани.

Повеќе на овој ЛИНК