Анкета на МКД.мк: Повеќе од 2/3 Македонци за враќање на името по цена на НАТО и ЕУ

Драматични резултати за односот на мскеоднските граѓани за промената на името, ЕУ, НАТО ОД истражувањето на порталот МКД.мк што го спроведе агенцијата “Маркет вижн” од 10 до 16 февруари на репрезентативен примерот од 1.200 испитаници.

Во врска со промената на името, 60,5 отсто од граѓаните велат дека не вредеше промената на името за влез во НАТО.

Само 30,7 отсто од испитаниците одговориле дека овој потег на власта сепак вредел.

За враќање на името Република Македонија и по цена да го изгубиме членството во НАТО се 58,1 отсто од испитаниците и 58,7 отсто од нив го дале истиот одговор во однос на губење на можноста за членство во ЕУ. Против ова се 19,8 и 19,6 отсто од испитаниците.

И тука според етничката припадност на испитаниците, одговорите се разликуваат – за враќање на името и губење на членството во НАТО и ЕУ се 37,6 отсто од испитаниците Албанци, а 68,5 отсто се испитаниците Македонци.

Анкетирањето била спроведено со употреба на CATI метода ‐ телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: +‐3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година.

Целата анкета на МКД.мк

Најумните знаат што е добро за Македонија

Најучените и најмудрите Македонци најсилно против промена на името само за во НАТО