ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски ќе имаат убедливо водство во однос на владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев на локалните избори,покажува анкета на Организацијата за граѓански активизам и независност објавена денеска .

Според исспитувањето, доколку утре се одржат изборите дека за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе гласаат изјавиле 19,9 отсто од испитаниците, додека значлително заостанува СДСМ со 15,7 проценти.

ДУИ и Коалицијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива се речиси израменти со 8,7 односно 8,5 отсто од испитаниците, додека Леција следи со 4,9 отсто додека, само уште ДПА се јавува во во ова истражување со поконкретна бројка од 1,2 отсто.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е далеку напред со 15,9 проценти поддршка од анкетираните во однос на премиерот Зоран Заев кој ужива доверба кај 13,4 осто од испитаниците. Од политичарите од македонскиот спектар во анкетата се јавува и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој има поддршка од 4,7 отсто.

Меѓу албанските политичари, лидерот на владејачката ДУИ има доверба од 6,4 отсто а го следи со 5,9 % Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Претходно,, денеска, анкета објави и агенцијата Брима