Анкета: Македонија на петтото место меѓу сојузниците на Црна Гора

Црногорците гледаат на Македонија како на еден од најблиските сојузници на нивната држава, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од „Редфилд и Вилтон стратеџис“, спроведено од 10 до 14 април на примерок од 1.108 испитаници.



Македонија е петта меѓу сојузниците на Црна Гора, за што се определиле 36 проценти од анкетираните, според кои Србија е убедливо прва со 48 отсто, пред Русија со 39 отсто, Кина со 38 отсто, Европска унија со 37 отсто итн.

Најголема закана за Црна Гора се Албанија, НАТО и САД, сметаат 25 проценти од испитаните, следува велика Британија со 22 отсто, Хрватска со 19 отсто итн.

За Македонија како закана за нивната држава гласале само 7 проценти од анкетираните, а пред неа е Кина со 6 отсто.