Повеќе од половина или 54,7 проценти од граѓаните на Македонија се против бугарските условувања на македонските евро-интеграции и убедени се дека Владата нема да попушти пред притисокот на Софија, покажува последната телефонска анкета на М-проспект.
Според анкетата, 61,3 отсто од Македонците воопшто, или до некаде, не се согласуваат со барањата на Бугарија. 44,8 проценти од нив се категорично против, јавува „Телма“.
Кај албанската етничка заедница, пак, преовладува мислењето дека бугарските услови се прифатливи.
Дури 56, 6 проценти од испитаниците Албанци одговориле дека или целосно или донекаде се согласуваат Владата да прифати се`што ќе испорача Бугарија.
Aнкетата била спроведена од 31-ви октомври заклучно со вчерашниот ден меѓу 1.000 испитаници.