Истражување на јавното мислење покажува дека 64 отсто од граѓаните на Македонија се согласуваат дека силните односи со Кина им служат на нивните интереси. Шеесет проценти истото го мислат за Русија, покажува новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија.
Ова е зголемување од единаесет проценти за Кина и шест проценти за Русија во однос на анкетата спроведена во февруари 2020 година.
Москва ја прогласи Македонија за непријателска земја
Новообјавената анкета покажува и силна поддршка за Европската унија (ЕУ) и САД. Севкупно, 85% се согласуваат дека силните односи со ЕУ најдобро им служат на интересите на Македонија, 76% го делат истото мислење за САД.
„Додека Северна Македонија се труди да постигне демократски напредок, загрижува фактот што Кина и Русија продолжуваат со постојаните упади“, вели Пол Мекарти, регионален директор на ИРИ за Европа, кој додава: „За среќа, поддршката за блиски партнерства со ЕУ и Соединетите Американски Држави останува многу силна“, пренесе Плусинфо.
Анкетатта покажува дека 75% од возрасните ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“, серија договори во кои се вклучени Албанија, Македонија и Србија за да помогнат во олеснувањето на трговијата, бизнисот и движењето на граѓаните меѓу земјите.
Анкетата е направена пред инвазијата на руската војска на Украина.