Во текст со наслов ,,Една графика, милион зборови” off.net.mk објавува информација И фотографија од читател која говори за односот на бугарската војска кон Илинденците кои во 1903 се обидувале да се спасат по задушеното востание.

Материјалот кој е објавен зборува не за бугарско востание за какво сега официјална Софија ламентира туку за нечовечки однос на Бугарите кон македонските востаници.

,,Ви испраќам една графика од Richard Caton Woodville, англиски новинар кој бил во Македонија за време на Илинденското востание. Графиката со наслов „Бугарија и македонското востание“, датира од 10 октомври 1903 г. и во неа се опишува постапувањето на регуларната бугарска војска на границата меѓу Бугарија и европска Турција кон чета Илинденци кои се обидуваат да ја минат границата после разбивањето на востанието.

Настанот се одигрува најверојатно на реката Џума и на графиката јасно се гледа како војниците ја пресретнуваат четата, при што неколку четници се повредени, другите биваат разоружани и заробени, а дел од четата под оган се враќа назад во Македонија.

Но тоа не е најтрагичниот дел од оваа графика. Најтрагичното е тоа што во средината на октомври 1903 г., востанието е речиси целосно разбиено, границата е целосно запечатена, а преживеаните востаници на било кој начин се обидуваат да стигнат до бугарска територија, единствена колку-толку пријателска територија во тоа време, а со тоа и да се спасат”, пишува офф.нет.мк.

Сите детали на овој ЛИНК