Анѓушев жали, не ги гаѓал новинарите, фломастерот му паднал

Откако вчера премиерот го искара, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференцијата во Владата изрази жалење дека бил погрешно разбран на брифингот со новинарите пред неколку дена.

Тој денеска тврди дека за време на инцидентот му паднал фломастерот и удрил на масата. Според новинар на Алсат М Анѓушев беше обвинет дека со тоа нападнал новинар.

,,На брифингот во Владата на РМ додека објаснував за деталите на процесот за радвижување на инвестициите во РМ, на завршувањето на настанот, од висина го испуштив фломастерот на најблиската маса и жалам доколку некој тоа го сфатил на подруг начин. Ниту имав идеја тоа така да го сфатат, ниту пак така постапив”, рече Анѓушев.

Побара од новинарите за него да судат по постапките и резултатите кои ги остварува.

Што се случило на брифингот според новинарите?

Новинар на Алсат раскажува како чесниот Анѓушев фрлал кон новинари