Најавата на вицепремеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.дека компанијата „Локо Транс“ од Брно. Чечка, ќе отвори фабрика за шински возила во скопската општина Гази Баба, е всушност – стара вест.
Истата инвестиција и компанија беа најавени и во 2016-та година од тогашната Влада.
Порталот „Лидер вна 9 ноември 2016 објави:
„Железничкиот гигант „Локо Транс“ планира да
отвори регионален логистички центар во Македонија, дознава „Лидер“. Компанијата
со седиште во Брно, Чешка, донесе стратешка одлука за инвестирање во земјава.
Во овој момент, компанијата е во фаза на разгледување на опции за купување на
земјиште за изградба на регионален логистички центар, кој треба да ги опслужува
сите соседни држави.
Република Македонија ќе биде центарот на сите операции на Балканот на „Локо
Транс“, изјави сопственикот на компанијата, Карел Јалови.
Во првата фаза од инвестицијата планираме да вработиме околу 200 лица, а вкупно планираме да вработиме околу 600 работници…“ пренесува „Курир“.