„Професорот и поранешен вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски, во емисијата ‘360 Степени’ во Алсат, зборувајќи за актуелните состојби во државата, за немањето на потребното двотретинско мнозинство во Собранието, заради промена на Уставот и за внесување на Бугарите во него, оцени дека ќе има период на политички пазарења.“ – објави ТВ Алсат.
На својот интернет- портал ТВ Алсат ги пренесува поважните искажувања од оваа емисија: „Според Наумовски, едно од тие пазарења може да биде одржувањето на предвремените парламентарни избори, за добие отворањето на Уставот ‘зелено светло“ од опозицијата во Собранието.“
„Сите политички партии ќе се пазарат: ако на опозицијата и се понудат предвремени парламентарни избори, претпоставено, во 2023 година, за возврат да ги поддржи уставните измени… Но, ќе и биде тешко на опозицијата да го оправда нејзиниот глас, бидејќи ќе дојде во ситуација да се повлече од својот став дека нема да гласа за внесувањето на Бугарите во Уставот… Меѓутоа, секогаш може да се најдат добри изговори.’ – рече Наумовски.“
„Коментирајќи ги во емисијата ‘360 степени’ во Алсат изјавите на првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој поддршката за уставните измени ја услови со бришење на уставниот критериум од 20 отсто и со негова замена со изразот ‘албански јазик’, политикологот Ивор Анѓелковиќ кажа:
„Од научна гледна точка, тоа условување е контроверзно, затоа што сето она за што албанското малцинство во Македонија се ‘бореше’ да го добие како привилегија, со оваа формулација ја уриваат формално-правната основа на сите тие привилегии. Не права, туку привилегии, кои ги имаат како етничка група. Ако ја избришете таа формулација од Уставот, тогаш отворате пат за сите други малцинства. Зошто да не се зборува турски и српски во Собранието, ако нема проценти, како основа зошто Албанците до сега ги имаа тие привилегии?’ – нагласи Анѓеловиќ.“
„Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во емисијата ‘360 степени’ ги коментираше тие условувања на Таравари, оценувајќи дека играњето на картата на национализмот не покажува успех, барем кога се гледаат примерите на политичките партии во соседството.“
„Би верувал во тезата дека токму поради неуспехот на локалните избори сега претставниците на Алијансата за Албанците бараат начини повторно да се најдат во јавноста, условно кажано, со порадикални барања, да освојат назад дел од членството … Но, примерот на Бугарија покажа дека тоа дава помалку резултати. Каракачанов не успева да влезе во Собрание по четврти пат. ‘Има народ’ одигра на таа карта и еднаш победи, па драстично падна на следните избори.’ – предупреди Кржаловски.“
Home Македонија Анѓеловиќ: „Контроверзно е условувањето на Таравари за бришењето на ’20 отсто’ за...