Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, изрази задоволство од тоа што го прикажаа неговите избраници во ремито 1:1 со Словенија, посебно од целото второ полувреме, пред примениот гол во 97. минута да го расипе славењето.
„Прво, благодарност до навивачите и за поддршката. Искрено, жал ми е што не победивме. Задоволен сум од целото второ полувреме, сè до примениот гол. Доминиравме и мораше да постигнеме втор гол и да си ја завршиме работата. Словенија ја одглуми Австрија, со која иигра иста формација, и им благодарам за тоа. Има време до почетокот на ЕП и пропустите што ги направивме денескаме ќе мора да ги поправиме. На ЕП не смее да има грешки“, изјави популарниот Мрме по првиот контролен натпревар на неговите избраници пред дебито на еврошампионатите.
Увертирата е в петок од 17 часот против Казахстан исто така на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје.