„Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против ковид-19 со своја донација“, апелираше вчера на Фејсбук министерката за финасии Нина Ангеловска.

„Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни!  До сега на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот COVID фонд во Влада на Република Северна Македонија се донирани над 200 милиони денари.  www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на CoVid-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia. Може да се донира со платежна картичка . А сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Ангеловска додаде дека донираните средства се користат за справување со COVID и тоа:

-за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со COVID и
-за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/videos/1154158821610811/