Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави дека се сретнал со собранискиот спикер Талат Џафери, опишувајќи го како бивш воен непријател, а сега политички пријател.

„Конструктивна работна средба со мојот поранешен воен непријател, денешен политички пријател, претседателот на републичкото Собрание, г. Талат Џафери“, објави ексгенералот на полицијата и лидер на партијата Достоинство, дел од владината коалиција во која е и ДУИ на Џафери, без да наведе детали за средбата.

Познат и како Командант Форина, Џафери дезертира од две армии (ЈНА и АРМ), во кои беше висок офицер, за во оружениот конфликт во Македонија да премине на страната на ОВК неколку дена по масакрот кај Вејце на 28 април 2001 година, за време на кој беше дежурен командант на тетовската касарна.

Ангелов е поранешен генерал-мајор на специјалната единица „Тигри“ на македонската полиција и во 2001 беше ранет во битката за Арачиново.