Ангелов: Активни 9 пожари, гори и во Кочани, но се’ е под контрола

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов за МИА изјави дека во моментов девет пожари се активни на територијата на Македонија, ситуацијата е е најсериозна во Општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак.

Во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш Армиски хеликоптер, вели Ангелов кој очекува наскоро тој пожар да  биде ставен под контрола.

Според него, исто така има посериозна ситуација околу Пехчево, каде што утрово делуваше хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да го гасне на пожарот околу тоа село, изјави Ангелов.

Активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево.

За пожарот во Кочани кој гори веќе трет ден, Ангелов рече дека таму е упатен голем човечки потенцијал и дека имаат контрола врз него.