На церемонија во Стејт департментот на САД, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Република Северна Македонија.

Амбасадорката Агелер е член од кариера на Високата служба за надворешни работи, а неодамна беше заменик-шеф на мисијата во Мисијата на САД во Пакистан. Таа служеше и како привремен вршител на должност.


Таа претходно служеше како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција, како дел од кариерата која вклучуваше и задачи во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, Добитник на наградата за извонредност на помошник секретар и Наградата Mildred Sinclaire за јазик, амбасадорката Агелер зборува македонски, француски и малку хинди, соопштија од амбасадата.